Нов „Бран” на македонската музичка сцена
Во петок новата македонска издавачка куќа „Бран” прави промоција на своето прво винилно издание во клубот 1212. Специјален гостин на вечерта е Delfonic od Оye Records (Берлин), a позади диџеј пултот ќе му се придружат Herzel и Flute Power.
Визијата на „Бран” е да креира свој современ музички јазик во чие создавање ќе учествуваат постарите и помладите генерации на музички уметници, домашни таленти и докажани автори од светската музичка електронска сцена. Моторот позади издавачката куќа „Бран” се домашните автори Herzel и Flute Power.
На првото издание свои траки имаат Eddie C, Daniela La Luz, Herzel и Flute Power. Автор на дизајнот е македонскиот уметник Иван Ивановски. Плочата е интернационално дистрибуирана од берлинскиот Oye Records и веќе може да се купи во повеќето светски плочари.