Теlekom Electronic Beats Picnic
На 21-ви септември во 11.00ч , во срцето на Градскиот парк во Скопје (во внатрешноста на паркот кај островот на езерцето спроти Централ Парк) те очекува целодневeн пикник организиран од Telekom Electronic Beats.
Време е да го завршиме летото како што најдобро соодветствува!
Денот ќе биде исполнет со прекрасните звуци на:
Llorka / Art of Tones со музички сет на зајдисонце (старт 18.00)
Jus-Ed (старт 22:00)
Локална поддршка:
Алек Солтиров
Андреј Мицајков
Бодан Јамакоски
Виктор Апостолски
Еми Ермилова
Зоки Бејбе
Mileskaya
Mosaik Kollektif
Роботек
Скопски грув Dj’s
Чваре
За прекрасните мириси што апетит отвораат ќе се погрижат:
Кујните на Fat Kitchen with Fat Cacko , Cosy бар и BKW.
Откачени уметнички рачни изработки и облека ќе донесат:
Ammar Kachar, Embroidery Monday,
Harteeya, Panooramixx, [0.10]error of harmony и винтиџ second hand облека од Amsterdama и Underground shop.
За целокупниот сетинг да биде уште поуникатен, Александар Зафировски, ликовен уметник, зад кој стојат повеќе успешни самостојни изложби во земјава и ширум европското тло, ќе реализира уметничка инсталација “Connecting” на самото езерце.
Ќе гледаме и музички документарни филмчиња на Telekom Electronic Beats.
Едноставно ќе уживаме. Се гледаме.