Roman Flügel
Роман Флигел е водечка фигура на германската сцена на електронска музика уште од раните 90-ти години на минатиот век. Како студент по музика кој удирал на тапани во локални бендови, Флигел за прв пат се запознал со електронската музика преку својот постар брат кој му дал музичка компилација од синглови на „Chicago Trax 12“. Подоцна и тој самиот почнал да собира колекции на хаус музика од Детроит и Чикаго и честопати ноќите ги поминувал во клубот „ Sven Väth’s Omen Club“ во Франкфурт и се заинтересирал за користењето на аналогни ударни инструменти и евтини синтисајзери за создавање на електронска музика. Преку своите почетни експерименти со дизајн на звук и музичка продукција тој стапил во контакт со Jorn Elling Wuttke (Јорн Елинг Вутке), германски уметник со кој во 1992 година го создал ацид хаус дуото „Alter Ego“, како и со продуцентската куќа „Playhouse“ во 1993 година.
Флигел има продуцирано музика за најразлични звучни имиња како што се Roman IV, Eight Miles High, Soylent Green, Ro 70, Melanin, List, Acid Test, и Tracks On Delivery, а секое од нив претставува различен аспект на неговиот сеопфатен продуцентски стил. Тој има објавено пет музички албуми како соло музичар за различни продуцентски куќи како што се Clone Records, Cocoon Recordings, Correspondant, Curle Recordings, Dial Records, House Is OK, How The Other Half Lives, Klang Elektronik, Live At Robert Johnson, Ongaku Musik, Running Back, Skint и Versatile Records. Тој работел и како ди-џеј во исто време додека продуцирал музика како резидент ди-џеј во ноќниот клуб „Robert Johnson“ во Франкфурт, а честопати настапувал и во „Panorama Bar“ во Берлин. Неговите музички сетови, исто како и неговата музика, се провлекуваат низ најразлични жанрови, а најмногу во жанровите на IDM, хаус, техно и лефтфилд електро музиката.